Hyundai претстави Genesis Coupe со 1000 кс на SEMA – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai претстави Genesis Coupe со 1000 кс на SEMA

Hyundai и Bisimoto Engineering го разоткрија нивниот заеднички проект базиран на Genesis Coupe, на овогодишното издание на саемот за тјунинг во Лас Вегас.

Моделот е погонуван од 3.8-литарски V6 агрегат кој е засилен со два Turbonetics турбополначи, Arias ковани клипови, надградени вбризгувачи и Magnafuel пумпа за гориво. Покрај тоа, тука се и Sparco интеркулер и Burns издувен систем од не’рѓосувачки челик.

945812332128662360

Неговиот екстериер се одликува со несекојдневна Electric Blue боја, вентилирачка хауба и карбонски поклопец на багажникот. Автомобилот е исто така опремен со падобран за застанување и бели алуминиумски 20-инчни Incurve фелни обвиени во Toyo R888 пневматици.

Кабината е уредена во тркачки стил со Buddy Club тркачки седишта, заштитен кафев и дигитален иструмент панел.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.