Екстремно низок Volkswagen Golf од H&R – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Екстремно низок Volkswagen Golf од H&R

Иако седмата генерација на VW Golf сеуште не е пристигната во САД, специјалистите за суспензија H&R подготвија еден примерок за овогодишниот SEMA саем.

Нивниот автомобил е типичен Low Rider, забележливо доближен до подлогата. Висината е намалена за 63.5 милиметри на предната оска и 70 милиметри на задната оска, благодарение на нови прилагодливи амортизери. Спортскиот став го надополнуваат конкавните 19-инчни Rotiform фелни, обвиени во нископрофилни Michelin пневматици, кои заедно седат над посилни Brembo сопирачки.

Додатоците на предниот и задниот браник, како и новите странични прагови и издувните цевки се дел од естестски спортски пакет од Volkswagen.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.