Моделот Qashqai е од екстремно значење за Nissan, па Јапонскиот бренд посветува многу внимание на новата, втора генерација на овој компактен кросовер.
Qashqai (признаваме, едно од најчудните имиња во историјата на автомобилите) е навистина значаен автомобил. Моделот кој се произведува од 2007-мата година уште во 2011-тата година ја надмина бројката од 1 милион продадени примероци, па воопшто не е чудно што Nissan му посветува толку многу внимание на наследникот.
Сега за сега, ги имаме само овие две фотографии, но можеме да забележиме дека дизајнерите на Nissan достигнале на задачата и по сè изгледа ќе понудат привлечен и модерен автомобил. Повеќе ќе знаеме наскоро – премиерата е закажана за 7ми овој месец.