Daihatsu ќе изложи два Kopen концепти во Токио – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Daihatsu ќе изложи два Kopen концепти во Токио

Daihatsu откри два Kopen концепти кои ќе бидат претставени пред јавноста во Ноември на автомобилскиот саем во Токио.

Јапонскиот производител ќе го оживее малиот роудстер Copen, со два нови концепти кои ја носат назнаката “Kopen”. Синиот и портокаловиот автомобил прикажани на фотографиите ја претставуваат RMZ верзијата, додека зелениот модел е XMZ изведбата кој се одликува со етстетски додатоци што му даваат погруб изглед.

21397425191322330573

Двете варијанти делат исти димензии: должина од 2295mm, ширина од 1475mm и височина од 1275mm. Нивната сила од 64кс извира од три-цилиндарски агрегат со зафатнина од 660 кубни сантиметри, потпомогнат од турбополнач. Малиот агрегат ќе биде усогласен со CVT трансмисија со лопатки за менување на степени зад воланот.

Шансите за појавување на Kopen низ Европските претставништва се многу мали, но ова е одличен мал автомобил кој веруваме дека успешно би се вклопил во понудата на нашиот пазар.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.