Автомобилски брендови – кој кого поседува? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Автомобилски брендови – кој кого поседува?

Со цел да ги разјасниме работите, денес пренесуваме една листа на автомобилски производители и појаснуваме кој кого поседува.

Интересно е што некои од познатите брендови најдоа нови (и неочекувани) сопственици, а некои брендови едноставно згаснаа. Меѓу оние кои ги поздравивме и ги испративме во историјата се Saab, Pontiac и уште некои, а има и онакви кои имаат нови газди.

Да разгледаме:

  • BMW е сопственик на Mini и Rolls Royce
  • Fiat е сопственик на Ferrari, Maserati, Alfa Romeo, Chrysler, Dodge, Jeep, SRT и Lancia.
  • Ford е сопственик на Lincoln и има мал (не-контролирачки) удел во Mazda
  • General Motors (GM) е сопственик на (земете воздух) Buick, Cadillac, Chevrolet и GMC. GM има контролирачки удел во Daewoo, Opel/Vauxhall и Holden.
  • Honda е сопственик на Acura.
  • Toyota е сопственик на Lexus.
  • Hyundai и Kia се дел од иста групација.
  • Renault и Nissan се дел од иста групација. Сопственици се на Infiniti и Dacia, а од неодамна повторно е заживеан брендот Datsun.
  • Tata Motors е сопственик на Jaguar и Land Rover
  • Geely е сопственик на Volvo.
  • Mazda е независна.
  • Mitsubishi е независен.
  • Daimler AG е сопственик на Mercedes-Benz и Smart.
  • Subaru му припаѓа на Fuji Heavy Industries и еден мал дел на Toyota.
  • Volkswagen е сопственик на Audi, Bentley, Bugatti, Lamborghini, Porsche, Seat и Skoda (и уште неколку не-автомобилски брендови)
  • Peugeot и Citroen се во заедничка групација, од неодмана соработуваат со GM.
  • Proton е сопственик на Lotus.
  • Aston Martin е сопственост на неколку различни групации, меѓу кои Investindustrial и Investment Dar.
  • Suzuki е независен, но Volkswagen е сопственик на 19.9% од компанијата.

Појасно е сега?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.