Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи да ги зголеми цените на бензините и дизелот за половина денар, односно денар!
Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на малопродажните цени на горивата, цените од вечерва на полноќ ќе се зголемат во просек за 0.77%. Според Регулаторната Комисија за Енергетика, малопродажните цени за ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.5 денари и ќе се продаваат по цена од 78.50 односно 80.00 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1.00 денари и еден литар ќе се продава по цена од 70.50 денари.
Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.