Утринска Гимнастика: Mercedes Benz S-Class – Најдоброто, или ништо! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Mercedes Benz S-Class – Најдоброто, или ништо!

Според краткото видео, овие четири збора кои ги изговорил Gottlieb Daimler пред 127 години и денес служат како инспирација за сите луѓе од Mercedes Benz да ги нудат најдобрите автомобили.

Според под-претседателот за маркетинг на Mercedes-Benz USA – Bernie Glaser, напредоците кои ги имаат направено во дизајн, безбедност, инженеринг и технологија – кои за прв пат се претставуваат кај новата S-Class – ќе се најдат и кај сите други автомобили на брендот, па и кај сите други мејнстрим возила. „Тоа се случува веќе 127 години и како резултат, скоро и да не постои возило кое е денес на патиштата и не должи барем дел од својата технологија на таа константна посветеност да се прават иновации и да се предводи“ – изјави Glaser.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.