По седми пат се одржа Tuning Car Show во Прилеп! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

По седми пат се одржа Tuning Car Show во Прилеп!

Во петокот на 11 Октомври се одржа седмото издание на Tuning Car Show, каде се собраа голем број на автомобилски љубители за да ги видат несекојдневните креации.

Настанот се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на градот, а учесниците и гостите беа поздравени од градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Автомобилите беа поделени и наградувани во неколку категории, од кои според нас најзаслужена беше наградата за најдобар надворешен изглед, која отиде кај нашиот член Дарио Бурагев и неговиот Golf 1 Cabrio Karmann. Ние ви пренесуваме дел од атмосферата од настанот, и очекуваме уште повеќе автомобилски ремек дела во иднина!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.