Mitsubishi подготвува три премиери за авто-саемот во Токио! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi подготвува три премиери за авто-саемот во Токио!

Јапонскиот производител подготвува три концептни возила за претставување на домашниот авто-саем во Токио. Со овие концепти покрај напредната технологија, Mitsubishi ќе го претстави и идниот дизајнерски јазик на компанијата.

Mitsubishi новиот правец го нарекува @earth Technology, кој во себе вклучува елементи кои компанијата ги смета за значајни – одговорност кон животната средина, задоволство при возењето, издржливост и безбедност.

Првиот концепт е возило кое го носи името Mitsubishi Concept GC-PHEV и ја најавува новата генерација на SUV возила кои ќе користат PHEV plug-in hybrid електричен систем, кој заедно со S-AWC (Super All Wheel Control) ќе нуди одлично управување и стабилност во разни услови. Вториот концепт е Concept XR-PHEV кој всушност е товарно возило и ќе ја користи истат PHEV технологија благодарение на која е посветено многу внимание на заштита на животната средина.

mitsubishi-concepts

Третиот концепт е Mitsubishi Concept AR, и е сосем нова генерација на MPV возило кое на возачот и патниците ќе им нуди просторност и комфор при возењето. За овој концепт се најавува дека ќе користи мотор со помала зафатнина надополнет со турбо-полнач и со технологија за директно вбризгување на гориво.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.