Поспортската изведба на Kia Cee’d, купето кое го носи името pro_cee’d пристигна во Македонија!
KIA го најавува pro_cee’d како софистициран автомобил кој со себе ги носи сите подобрувања на сестринскиот модел, додека истовремено нуди драматичен напредок во спортскиот изглед кој го прави неговиот претходник толку популарен. Дури и Peter Schreyer го најавува pro_cee’d како отелотворување на емоцијата и енергијата, и според него, знаете дека од еден единствен поглед дали ова е автомобил кој сакате да го возите, не само да го поседувате.
Секако, покрај pro_cee’d, се нуди и pro_cee’d GT, односно најспортската изведба на моделот која ќе нуди 1.6-литарски турбо-бензинец кој ќе испорачува 204 коњски сили и 265 Nm вртежен момент, како и спортски перформанси – забрзување до стотка за 7.7 секунди и максимална брзина од 230 километри на час.
Кај нас, цените на pro_cee’d започнуваат од 13.490 евра за верзијата со 1.4-литарски бензинец со 99 коњски сили и LX ниво на опрема. Најскапиот бензинец кој во моментов се нуди е 1.6-литарскиот со 135 коњски сили и EX ниво на опрема кој чини 16.950 евра. Дизелската понуда почнува од 15.490 за 1.4-литарскиот CRDi со 90 коњски сили, па се до најскапиот модел во моменталната понуда, 1.6-литарскит CRDi со 128 коњски сили и EX ниво на опрема за 18.900 евра.
Со пристигнувањето на новиот pro_cee’d, KIA ја најавува и програмата за 7-годишна гаранција на своите автомобили, која е прва во Македонија.