WRC: Ожие ја прослави титулата со домашна победа! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC: Ожие ја прослави титулата со домашна победа!

Себастијан Ожие го прослави освојувањето на титулата од тековната сезона од светскиот рели шампионат со домашна победа на Рели Франција.

Возачот на Volkswagen ја присвои неговата седма победа сезонава и покрај тоа што падна на петтата позиција во петокот, половина минута позади жестоката битка за водство. Всушност, на првите етапи Ожие и неговиот поранешен најголем ривал Себастијан Лоеб беа фрлени во сенка од страна на Дани Сордо, Јари-Мати Латвала и Тери Невил, кои се бореа во најдобрите три. Ожие призна дека по осигурувањето на титулата во Четвртокот навечер, тој се опуштил и не бил целосно фокусиран на следниот ден. Но, за брзо време го подобри неговото возење и повторно се врати во водечката битка.

10086295034_02174d5f88_o

Невил и неговиот M-Sport Ford изгледаа како да се надвор од дофатот на Ожие откако тој се оддалечи со водството, но Невил влезе широко и оштети пневматик во еден свиок во Саботата навечер, што го чинеше една минута задржување.

Тоа ги остави Сордо, Латвала, Лоеб и Ожие во неверојатно блиска водечка борба пред финалниот ден. Сепак, тоа не траеше долго. Лоеб се судри и се повлече од релито на првата етапа во саботата, каде што жестокото време на Ожие го втурна него во водство. На крајот, успеа да го истрпи и последниот напор од Citroen-от на Сордо, победувајќи го за 12 секунди.

10086349485_9c26fa7f5c_b

Латвала имаше потешкотии со калливите услови на утринските етапи од финалниот ден и се смести на третата позиција, со Невил на далечната четврта позиција. Евгени Новиков го освои петтото место, следен од Мико Хирвонен. Овој пар им беше придружба на Андреас Микелсен и Мадс Остберг во битката за позициите со помалку поени. Остберг заврши на крајот од дружината поради проблеми со сопирачките во неделата.

Поврзано:  Во салонот на Volkswagen пристигна новиот Taigo

Роберт Кубица доминираше во WRC 2 класата и заврши на целокупната деветта позиција, пред победникот на Ле Ман 24 за 2010 година Роман Дјума, кој возеше WRC Ford на неговиот домашен настап.

Водечки позиции по 20-та етапа:

Поз. Возач               Тим/Автомобил     Време/Разлика
 1.  Себастијан Ожие     VW                   2h53m07.6s
 2.  Дани Сордо          Citroen                  +12.2s
 3.  Јари-Мати Латвала   VW                       +19.5s
 4.  Тери Невил          M-Sport Ford           +1m14.1s
 5.  Евгени Новиков      M-Sport Ford           +3m10.9s
 6.  Мико Хирвонен       Citroen                +3m37.7s
 7.  Андреас Микелсен    VW                     +4m04.2s
 8.  Мадс Остберг        M-Sport Ford           +4m35.2s
 9.  Роберт Кубица       PH Citroen             +9m31.4s
10.  Роман Дјума         Dumas/M-Sport Ford    +11m55.8s

WRC откажувања:

     Мартин Прокоп       Czech Ford                SS17
     Себастијан Лоеб     Citroen                   SS15


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.