Регулаторната комисија за енергетика одлучи повторно да ги намали малопродажните цени на горивата!
Од вечерва на полноќ ќе купуваме поевтино гориво – ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 поевтинуваат за 1.50 денари и ќе се продаваат за цена од 78 односно 79.50 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2 денари и од вечерва на полноќ ќе чини 69.50 денари за литар.
Овие цени се добиени согласно методологијата за пресметка на цените. Малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.79% и новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ