Експертите за фолии Cam Shaft заедно со OK Chiptuning изработија специјална верзија на најголемиот модел на Skoda кој сега може да се пофали со 210 турбо-дизелски коњски сили и 425 Nm вртежен момент!
Луѓето од Cam Shaft биле задолжени за интересните фолии благодарение на кои Superb сега е двобоен, а луѓето од OK Chiptuning се погрижиле за „дискретното“ засилување на турбо-дизелскиот мотор кој од 170 сега има 210 коњски сили, и наместо оригиналните 350 Nm, сега има 425 Nm вртежен момент. Покрај тоа, поработено е и на суспензијата и автомобилот сега е скоро прилепен за асфалтот, а тркалата се заменети со огромни тркала од Audi облечени во Pirelli Z-Nero со димензии 235/35-ZR20. Суспензијата е заменета со H&R коиловери.
Интересен фамилијарен караван, нели?