Претставниците на Гинис потврдија дека Јакуб Прзигонски постави светски рекорд за дрифт при најголема брзина со автомобил.
Иако за повеќето учесници во сообраќајот овие брзини се страшни за возење на прав пат, професионалниот Полски возач ги користи за правење спектакуларни дрифтови. Со неговата Toyota GT86, опремен со V8 мотор доработен да произведува 1086 кс, тој успеа да постигне влезна брзина од 255 км/ч и дрифт при 217 км/ч на аеродром во близина на Варшава, Полска. Погледнете го видеото од овој потфат, за да видите исамите колку е храбар и налудничав овој нов рекорд.
Ние му се чудиме на паметот..