Купето кое го носи името Wraith е најмоќниот автомобил кој некогаш излегол од фабриката на Rolls Royce. Со цел да го приближи до купувачите, брендот објави нова галерија фотографии од овој луксузен крстосувач.
Веќе добро знаеме дека Wraith е придвижуван од 6.6-литарски твин-турбо V12 мотор кој испорачува 624 коњски сили и 800 Nm. Благодарение на нив, 2.3 тони тешкото купе забрзува до 100 километри на час за 4.6 секунди и забрзува до електронски ограничени 250 километри на час – и сето тоа го прави додека истовремено нуди максимален луксуз, комфор и мир.
Ние преку оваа мала галерија можеме да видиме како всушност живее „другата страна.“