Mercedes претстави промотивен видео запис преку кој на комичен начин ја опишува новата магична суспензија на најновата S-класа!
Magic Body Control е всушност систем кој преку сензор ги детектира нерамнините и свиоците на патот, а потоа ја приспособува суспензијата на нив. Со тоа се овозможува удобно возење кое нема да биде нарушено од малите препреки на патот. Сепак, во видеото, Mercedes го објаснува ова на многу поинтересен начин.
Погледнете како функционира системот во најпросто објаснување!