Откриени новите Porsche 911 Turbo и Turbo S Cabriolet! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Откриени новите Porsche 911 Turbo и Turbo S Cabriolet!

Porsche ги претстави новите 991 Turbo и Turbo S кабриолет изведби, пред нивната јавна премиера на автомобилскиот саем во Лос Анџелес во Ноември.

Отворените варијанти ги следат формата и дизајнот на истоимените купе изведби, додека изменетиот мек покрив, опремен со лесна рамка од магнезиум, се отвара и затвара во посебен простор позади кабината за само 13 секунди при брзини до 60 км/ч.

Силата извира од 3.8-литарскиот шест-цилиндарски боксер агрегат со турбополнење, кој развива 520 кс кај 911 Turbo кабриолет варијантата и 560 кс кај Turbo S кабриолет верзијата. Двете изведби стигнуваат до бројката од 100 км/ч за 3.5 и 3.2 секунди, а нивната максимална брзина изнесува 318 км/ч. Нивната просечна потрошувачка на гориво е подобрена за 30 проценти на 8.25 литри на 100 километри.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.