CARclub ексклузивно ја претставува дизајнерската визија на Антон Ѓоршев за претстојниот Mercedes CLA45 AMG Black Series.
На неговата визуелизација се забележуваат неколку елементи кои асоцираат на останатите модели со назнаката Black Series – како предниот браник со големи отвори за воздух и интегриран карбонски сплитер, пошироки додатоци на крилата, но и пошироки странични прагови.
Досега многу се шпекулираше, но по претставувањето на тркачката изведба, речиси сигурни сме дека Mercedes ќе претстави и трврдокорна спортска верзија која ќе може да се вози и низ градските улици. Според последните информации, се очекува претстојните A45 AMG Black Series и CLA 45 AMG Black Series да располагаат со околу 400 кс кои ќе извираат од истиот 2.0-литарски четири-цилиндарски агрегат. Двата модели ќе бидат произведени во ограничен број на примероци со цена од околу 60,000 евра.
Како и претходните визуелизации на Антон, и оваа изгледа прекрасно, и навистина нè направи многу љубопитни за тоа како ќе изгледа сериската верзија.