JE Design подготви цел асортиман на додатоци и подобрувања за новиот Seat Leon SC.
Германскиот тјунер нуди зголемување на перформансите на најсилната FR дизел верзија. Силата на стандардниот 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо дизел од 184 кс и 380 Nm вртежен момент, може да биде накачена на 210 кс и 430 Nm максимален вртежен момент. Засилувањето го намалува забрзувањето на моделот од 0-100 км/ч од 7.5 на 6.9 секунди, додека максималната брзина останува 228 км/ч.
За оние кои не се задоволни со стандардниот изглед, JE Design нуди аеродинамички бодикит со карбонски изглед. Тој се состои од преден спојлер, странични прагови и заден дифузер, а на двете страни од задниот дел се додадени по две издувни цевки. Во понудата се вклучени и 30 mm пониска прилагодлива KW суспензија, како и неколку типа на 18-инчни алуминиумски фелни.
Овие надградби ќе можат да се добијат и за моделот со пет врати.