Новиот Форд Транзит Конект ја доби првата награда „Товарно возило на годината за 2014 на меѓународно ниво“ на изложбата COMTRANS за комерцијални возила во Москва.
Сосема новиот Форд Транзит Конект денеска е именуван за „Товарно возило на годината за 2014 на меѓународно ниво“ на изложбата COMTRANS за комерцијални возила одржана во Москва, со што Форд стана првиот и единствениот производител кој има победено во две последователни години.
Форд бележи победа по петти пат откако жирито составено од 24 европски новинари-специјалисти го наградија Транзит Конект со 130 поени од вкупно можните 163, со што застана пред Мерцедес Бенз Спринтер (123) и Рено Кангу (25).
Наградата која што ја доби сосема новиот Транзит Конект следи по претходните успеси на Транзит (2001), Транзит Конект (2003), Транзит (2007) и Транзит Кастм (2013).
„Сосема новиот Транзит Конект постави нови правила на игра за компактните комбиња – и ние сме многу горди што повторно ја добивме оваа значајна награда“, изјави Барб Самарџич, потпретседателот на одделот за Развој на Продукти во Форд, Европа. „Новиот Транзит Конект е исто силен како и сите останати комерцијални возила, а доаѓа и со нов софистициран изглед и пониски цени за гориво“.
„Новиот Транзит Конект го импресионираше жирито на повеќе полиња, пред се поради леснотијата со силен акцент на економичност – со намалувањето на трошоците за транспорт на стока, возилото одговара на потребите на управувачите на мали и големи возила“ – изјави Питер Виман, претседателот на жирито на „Товарно возило на годината на меѓународно ниво“. Возилото ќе биде достапно на пазарот кон крајот на оваа година.
Извор: PR Ford