Себастијан Ожие победнички го заврши Рели Австралија, но ќе мора да почека за титулата, бидејќи освоените бодови не беа доволни за нејзино осигурување.
Французинот требаше да освои девет бодови повеќе од второполасираниот Тери Невил, за да триумфира на шампионатот. Откако Ожие се издвои од останатите, а Невил беше сместен на третата позиција ова изгледаше сосема возможно, се до последната етапа каде што Мико Хирвовен имаше заостанување предизвикано од дупнување на пневматик.
Тоа го издигна Невил на второто место, а исто така тој заврши втор на последната етапа, со што го остави Ожие на еден бод од освојување на титулата. Шестата победа од десетте релиа досега сеуште не му овозможи на Ожие да стане светски шампион пред неговото домашно рели во Франција наредниот месец. Хирвонен пристигна на целта на третата позиција, половина минута позади Невил.
Откако Ожие се издвои од останатите, на релито голем интерес предизвика првото возење на Крис Мик за фабричкиот тим на Citroen. Неговиот почеток ветуваше многу, откако беше најбрз на квалификациите и го завзема второто место на првите стази. Тој потоа се симна на четвртата позиција, пред да претрпи излетување во Саботата навечер.
Неговиот Citroen се врати во третиот ден под Rally 2 класата и Мик целеше кон 12-тата позиција се додека не се судри на последната етапа, која ја заврши со неговото десно задно тркало влечејќи се позади автомобилот.
Јари-Мати Латвала беше надвор од ритам во петокот и мораше да се пробива од осмото да го заземе четвртото место, кое успеа да го задржа и покрај дупнување на пневматик на финалната етапа. Финецот заврши веднаш пред Мадс Остберг и Андреас Микелсен, кои имаа најжестока битка викендов.
Евгени Новиков заврши на седмата позиција, додека осмото место го зема локалниот возач Нејтан Квин. Абдулазиз Ал-Кувари беше најбрз во WRC 2 и го презема водството во шампионатот од отсутниот Роберт Кубица, кој се натпреварува во Европскиот Рели Шампионат.
Конечни позиции на Рели Австралија: Поз. Возач Тим/Автомобил Време/Разлика 1. Себастијан Ожие VW 3h19m55.0s 2. Тери Невил M-Sport Ford +1m32.1s 3. Мико Хирвонен Citroen +2m02.1s 4. Јари-Мати Латвала VW +2m57.4s 5. Мадс Остберг M-Sport Ford +3m17.2s 6. Андреас Микелсен VW +3m37.6s 7. Евгени Новиков M-Sport Ford +7m31.2s 8. Нејтан Квин Italia Mini +13m10.2s 9. Калид Ал-Касими Citroen +15m17.6s 10. Абдулазиз Ал-Кувари Seashore Ford +17m27.7s*