Новиот Porsche 918 Spyder тукушто постави нов рекорд на Nürburgring Nordschleife – поминувајќи го легендарниот „Зелен Пекол“ за само 6 минути и 57 секунди!
Хибридниот автомобил кој има 875 коњски сили, и благодарение на кои може да забрза до 100 километри на час за само 2.8 секунди постави нов рекорд на Nürburgring Nordschleife. Времето кое му беше потребно на 918 Spyder е само 6 минути и 57 секунди, а ние ја имаме можноста да видиме како тоа изгледало, и тоа од внатре во кабината на овој импресивен автомобил. Пуштете на цел екран, звучниците нека бидат малку погласни и уживајте! Како што кажуваат од Porsche – некои приказни се раскажуваат за само 6 минути и 57 секунди!