C-X17 Concept – Првиот кросовер на Jaguar! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

C-X17 Concept – Првиот кросовер на Jaguar!

Jaguar го претстави новиот концепт C-X75 на својата бина на саемот на автомобили во Франкфурт!

C-X75 е дизајниран да го предвиди изгледот на претстојниот прв кросовер на брендот и го карактеризира спортски дизајн со чисти линии. На предниот дел се приметуваат стилски елементи преземени од моделот XJ и XF, додека задниот дел несомнено потсеќа на F-Type. Сепак, се е поврзано заедно во прекрасен модерен пакет.

Jaguar-CX-17-34[2]

Концептот е долг 4,716mm, широк 1,649mm и висок 1,959mm, додека неговото меѓуоскино растојание изнесува 2,905mm. Моделот е базиран на целосно нова алуминиумска модуларна платформа, која е со мала тежина и висока цврстина. На оваа платформа ќе биде поставен и нивниот нареден седан од Д-сегментот, кој ќе дебитира во 2015.

Ентериерот е уреден во футуристички стил, во кој доминираат црната и белата боја. Доколку Jaguar се одлучи да го произведе C-X75, претпоставуваме дека неговата кабина ќе претрпи најмногу промени.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.