Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите малопродажни цени на горивата, кои се зголемуваат во просек за 3.12%.
Согласно нивната методологија за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 3.12%. Преведено во реални цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 1.50 денари и ќе се продаваат по цена од 83.50 односно 85 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 2.50 денари и од вечерва еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 73.00 денари.
Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.