Германскиот тјунер TechArt ќе настапи на автомобилскиот саем во Франкфурт со пакет за персонализирање на втората генерација од Porsche Cayman.
Нивната понуда опфаќа поголем преден сплитер, прилагодлив заден спојлер, редизајниран заден дифузер и централно поставени издувни цевки со систем за промена на звукот. Тука се и повеќе дизајни на 21-инчни фелни во неколку бои. TechArt нуди и поспортска суспензија, која е пониска за 35 mm напред, a 25 mm позади.
За кабината на овој спортист, Германскиот тјунер нуди повеќе различни видови на кожа и алкантара, украсни материјали, декоративни опшивки, додатоци од карбон, трокрак волан и уште неколку детали за разубавување на ентериерот.