Премиера: BMW X5 M50d – Луксузен SUV со спортски перформанси и дизелско срце! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: BMW X5 M50d – Луксузен SUV со спортски перформанси и дизелско срце!

Иако ова не е дел од M-гамата на BMW, сепак големиот X5 благодарение на 3-литарскиот турбодизел со три турбополначи забрзува до 100 километри на час за само 5.3 секунди!

Под поклопецот се наоѓа истиот 3-литарски, линиски 6-цилиндерски дизелски мотор на кој делуваат дури три турбо-полначи. Овој мотор испорачува 380 коњски сили и монструозни 740Nm кои преку 8-степен автоматски менувач од ZF и XDrive погонот на сите четири тркала се пренесуваат на асфалтот.

Најважните  бројки се следните – 100 километри на час за 5.3 секунди и електронски ограничена  максимална брзина од 250 километри на час. Истовремено, просечната потрошувачка според официјалните бројки изнесува само 6.7 литри на 100 изминати километри. Не е лошо за дизел, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.