Nissan постави нов светски рекорд – нивниот теренец со име Patrol постави нов светски рекорд кога влечеше авион тежок цели 170 тони!
Поточно, рекордот е впишан во Гинисовата Книга на Рекорди како „најтежок авион влечен од продукциски автомобил.“ Рекордот е изведен со сериски Nissan Patrol опремен со 4.8-литарски V8 мотор кој испорачува 400 коњски сили и 550 Nm вртежен момент. Силата се пренесува преку автоматски менувач и систем за погон на сите четири тркала.