Викендов во Монтереј беа претставени неколку интересни нови концепти, но никој од нив не беше толку необичен како Laraki Designs Epitome.
Автомобилот има несекојдневен агресивен футуристички изглед, кој изгледа како да е дизајниран од самиот Луцифер. Тој е базиран на шасија од Corvette C6, а неговата каросерија е целосно направена од јаглеродни влакна, благодарение на што тежината изнесува само 1300 килограми.
Перформансите на Laraki Epitome се дури поинтересни од неговиот дизајн. Chevrolet-овиот 7.0-литарски V8 агрегат е засилен со пар турбопоначи на 1,200 кс при возење на бензин. Сепак, Laraki има два резервари од кои едниот е за обичен , а другиот за 110 октански бензин. Со допир на копче, Epitome ја променува неговата ECU единица, овозможувајќи му да користи бензин од двата резервари, и подигнувајќи ја силата на неверојатни 1,750 кс.
Останува да видиме кој ќе има храброст да издвои два милиони долари за да ужива во еден од деветте примероци со застрашувачки перформанси.