Јапонскиот бренд ќе претстави моќна хибридна концептна верзија од малиот Yaris, на овогодинешниот саем за автомобили во Фракфурт.
Концептот ќе биде базиран на три-вратната варијанта на Yaris и ќе послужи како најава за понатамошните спортски хибриди кои ќе доаѓаат од Toyota. Неговиот хибриден погон ќе користи 1.6-литарски бензински мотор развиен од нивната тркачка дивизија, во комбинација со два електрични мотори за комбинирана испорака на сила од над 400 кс.
Технологијата ќе биде преземена од автомобилот со кој Toyota учествуваше оваа година на Ле Ман 24 часа. Ова значи дека енергијата која се добива при сопирање се складира во супер-кондензатор, а потоа се користи како дополнителна сила. Многу е веројатно дека оваа технологија ќе се користи и кај претстојната посилна верзија од GT86.