Луксузната гранка на Volkswagen групацијата преку неколку официјални скици го најавува освежувањето на нивниот најголем седан, монументалниот Audi A8.
Визуелните промени најверојатно нема да бидат големи – но Audi на голема врата ги најавува новите предни светлосни уреди кои користат модерна и нова технологија. Благодарение на напредниот механизам кој го користат, индивидуалните LED светла можат да бидат активирани или деактивирани, и така во секој момент да понудат најдобро можно осветлување. Покрај тоа, Audi ќе понуди и секвенцијални трепкачи кои благодарение на 18 во предните, односно 24 во задните светла уште попрецизно ќе ја покажуваат насоката на движењена автомобилот.
Повеќе ќе знаеме на 21ви Август, за кога е најавена интернет-презентацијата на A8. Официјалното деби ќе биде на саемот во Франкфурт.