Премиера: Galpin GTR1 Prototype – Модерна интерпретација на Ford GT – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Galpin GTR1 Prototype – Модерна интерпретација на Ford GT

Викендов на Пебл Бич во Монтереј, Калифорнија, Galpin Auto Sports претставија двојно посилна, модерна визија од легендарниот Ford GT.

Автомобилот е базиран на стандардниот Ford GT, а неговата каросерија е изработена од алуминиум. На неговиот екстериер се забележуваат карбонски детали, LED дневни светлосни групи и 20-инчни тркала. Ентериерот потсетува на оргиналниот, но е целосно обвиен со кожа, а тука се и модерно стерео, како и уникатна контролна табла.

11948507681616740140

Силата на Galpin GTR1 извира од 5.4-литарски твин-турбо V8 агрегат кој произведува 1024 кс и 1000 Nm вртежен момент. Според компанијата ова ќе му овозможи на моделот забрзување од 0-100 км/ч за околу три секунди и максимална брзина од над 360 км/ч.

Galpin изјавија дека ќе бидат произведени помеѓу шест и 24 примероци на GTR1, со почетна цена од 750,000 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.