Кралот е мртов, да живее кралот – М3 Coupe веќе не постои, заменет е со BMW M4, а ова се првите официјални фотографии од новото супер-спортско купе од Баварија!
Знаеме дека V8 моторот е заменет со шест-цилиндерски линиски мотор со два турбо полначи, и знаеме дека погонот е традиционално кон задните тркала – но тука завршуваат официјалните податоци. Се шпекулира дека ќе нуди околу 450 коњски сили и околу 550 Nm вртежен момент, а за перформансите можеме само да шпекулираме.
Сепак, ова е BMW M3, односно M4 (М3 верзијата ќе биде базирана врз седанот со четири врати), а тоа е свето име кога станува збор за вљубениците во автомобилите. Уживајте во официјалните фотографии и наскоро очекувајте уште повеќе информации за следниот супер-спортист на BMW!