Корејскиот производител со сериозни амбиции најавува концепт за автомобилскиот саем во Франкфурт преку кој ќе прикаже можен иден спортски автомобил од Б-сегментот.
Иако фотографиите не покажуваат многу, можеме да забележиме дека се работи за спортски и агресивен автомобил. Интересно изгледаат предните светлосни структури со централно поставените светла и (сега веќе очекуваните) LED ленти. Немаме никакви информации за овој концепт, дури ниту името не е објавено, но KIA најавува дека „сугерира кон можен иден натпреварувач во Б-сегментот.“
Од фотографијата која ја покажува внатрешноста можеме да ги забележиме интересните споени предни седишта, спортскиот волан со рамен долен раб, но и фактот дека вратите се отвораат како кај Ford GT. На воланот се поставени и лопатките за менувачот, а прекинувачите сугерираат на можност за вградување на среден диференцијал, односно на тоа дека можеби овој концепт има погон на сите четири тркала.
Наскоро ќе знаеме повеќе!