Тркачкиот оддел на Citroën претстави ново видео кое го прикажува Иван Милер како го тестира новиот WTCC Citroën C-Elysée пред трката во Аргентина.
Францускиот тим сеуште не ги објави плановите за вториот возач покрај Лоеб, а на Милер му завршува едногодишниот договор со тимот RML. Citroën планира целосно да го потврди екипажот во Септември, а се очекува тимски совозач на Лоеб да биде еден од трите моментални возачи на Chevrolet – Алан Менју, Иван Милер или Роб Хаф.
Најверојатно Францускиот тим во сезоната 2014 ќе учествува со три автомобили, а се шпекулира дека поранешниот формула 1 возач, моментална рели ѕвезда Роберт Кубица ќе се најде позади воланот на третиот Citroën.