Hyundai штотуку го претстави изгледот на новата генерација на нивниот најмал модел наречен i10, еден месец пред неговата премиера на автомобилскиот саем во Франкфурт.
Новиот i10 е поставен на нова платформа, благодарение на која е 80mm подолг, 65mm поширок и 50mm понизок, додека неговото меѓуоскино растојание е 5mm подолго од неговиот претходник. Корејскиот бренд тврди дека ова му овозможува на моделот подобри возни својства и најголем простор во кабината и багажникот.
На почетокот ќе се нудат само два бензински мотори. Првиот е 1.0-литарски три-цилиндарски мотор кој произведува 68 кс, додека вториот е 1.25-литарски четири-цилиндарски агрегат кој произведува 86 кс.
Автомобилот е целосно дизајниран во Европа, ќе се произведува во фабриката на Hyundai во Турција, а неговата продажба ќе започне во Ноември.