Ова што го гледате пред вас е визија за тоа како би можел да изгледа BMW M3 ако во него се вплетат елементи од i-серијата, а сето тоа го замислил Alexander Imnadze.
Според младиот дизајнер, BMW M3i влече инспирација од оригиналниот E30 BMW M3, но истовремено позајмува детали и елементи од новата i-серија на еколошки автомобили на BMW. Истовремено, тој кажува дека BMW M3i е замислен како конкурент на вистински егзотични автомобили, како што се Nissan GT-R и Aston Martin One-77.
Секако, бидејќи ова е само концепт, немаме никакви информации за погонот, но лесно можеме да го замислиме овој концепт како следната генерација на Серијата 6 на BMW.