Како награда за неговата победа на јубилејното 100-то издание на Тур Де Франс, победникот Кристофер Фрум доби на поклон клучеви од нов Jaguar F-Type V6 S.
Jaguar-от на Фрум е обоен во истата шема на бои како црниот автомобил со средно поставена жолта линија – Jaguar XF Sportbrake, кој неговиот тим Sky Pro Cycling го користеше за негово пратење во текот на 21-та етапа низ Франција.
Срцето на Jaguar F-Type V6 S претставува 3.0-литарски V6 агрегат со 380 кс и 460 Nm, кои ги испорачува од под предниот поклопец кон задните тркала, преку осум-степен полу-автоматски менувач и механички диференцијал. Автомобилот е способен да забрза до 100 км/ч за 4.9 секунди и да достигне електронски ограничена максимална брзина од 275 км/ч.
Според Фрум, “Секој млад велосипедист сонува за еден ден да вози на Тур Де Франс, а не па да победи. Јас не успеав сам во тоа. Team Sky има огромен број на партнери, и би сакал да им се заблагодарам на Jaguar за нивната поддршка во текот на минатите четири години. Тие вложија многу време и креативност во дизајнирањето на XF Sportbrake, кој е перфектен пратечки автомобил за нас. Беше многу важно да се задржи тимот на патот низ конкуренцијата.”