BMW претстави M Performance спортски пакет за новата Серија 4 купе – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW претстави M Performance спортски пакет за новата Серија 4 купе

Баварскиот автомобилски производител претстави нов спортски пакет на опрема за Серија 4, кој го наговестува изгледот на претстојното M4 купе.

Моделот опремен со овој пакет изгледа поагресивно од стандардниот автомобил, благодарение на нов боди кит кој содржи понизок преден браник со интегриран карбонски сплитер и поголеми отвори за воздух. Во пакетот се вклучени и ксенон/LED предни светла, 20-инчни алуминиумски фелни и неколку естетски елементи во црна хром боја.

BMW-4-Series-M-Performance-3[3]

Тука се и изменети странични прагови, карбонски куќишта на ретровизорите, како и спојлер направен од јаглеродни влакна над задниот поклопец. Редизајнираниот заден браник има интегриран дифузер, додека профилот на автомобилот е украсен со нови стикери. Ентериерот може да се пофали со нов три-крај волан и спортски седишта, педали, M Performance патосници и детали од карбон.

Новата Серија 4 опремена со M Performance пакетот доаѓа со засилување од 16 кс и 39 Nm кај моделот 420d, кој е погонуван од 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо-дизел агрегат. Како резултат на ова, моделот располага со 195 кс и 418 Nm максимален вртежен момент. Бензинскиот 2.0-литарски четири-цилиндарски агрегат со турбополнач, наречен 428i, добива зголемување на силата за 27 кс и 39 Nm, на конечни 269 кс и 389 Nm вртежен момент.

BMW-4-Series-M-Performance-7[3]

Моментално најмоќниот агрегат, 3.0-литарскиот шест-цилиндарски турбо-бензинец со ознака 435i, добива дополнителни 34 кс и 50 Nm за конечни 336 кс и 450 Nm. Сите надградби на перформансите се постигнати со нов издувен систем и софтверски прилагодувања.

Купувачите ќе можат да нарачаат и диференцијал со ограничено пролизгување со 30% заклучување. Се верува дека претстојниот BMW M4 купе ќе биде претставен на автомобилскиот саем во Детроит во Јануари 2014.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.