Вака ќе изгледа новиот SEAT Leon во караванска изведба, а ќе ја носи ознаката ST.
Со овој модел се комплетира гамата на модели кои го носат името Leon – наскоро на стандардниот Leon и верзијата со три врати која го носи името Leon SC, ќе им се придружи и караванот кој ќе се вика Leon ST. Караванот ќе ги следи елегантните и заострени линии кои веќе ги познаваме кај новиот Leon, иако како и кај секој караван, главното внимание е посветено на практичноста.
Бидејќи се работи за Leon, сигурни сме дека ќе можеме да ги очекуваме многуте бензински и дизел мотори кои веќе се нудат, како и опциите меѓу мануелен и DSG менувач. Се зборува дека SEAT можеби ќе понуди и Cupra варијанта од караванската изведба.
Ова е прв пат Leon да добие своја караванска верзија. Гамата сега е комплетна, па наскоро очекуваме SEAT да ги претстави и најспортските верзии на Leon.