HG Motorsport го претстави првиот тјунинг програм за новиот Volkswagen Golf GTI Performance.
Компанијата успеала да ја подигне силата на 2.0-литарскиот турбо агрегат од стандардните 230 кс и 350 Nm вртежен момент, со вметнување на карбонски систем за довод на воздух, спортски издувен систем на 263 кс и 376 Nm максимален вртежен момент.
Сепак, за тие што сакаат и нешто повеќе, втората фаза додава репрограмирана компјутерска единица и HF интеркулер, кои и овозможува на погонската единица да произведе 289 кс и 405 Nm. Доколку и овие цифри не ви се доволни, тука е најсилниот пакет кој ја покачува силата на 308 кс и 435 Nm вртежен момент.