Mazda3 замислена и во Купе верзија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda3 замислена и во Купе верзија

Следејќи го претставувањето на хечбек и седан верзиите од новата Mazda3, Theophilus Chin објави негова визија за купе верзија, која го следи дизајнерскиот јазик KODO на компанијата.

Theophilus Chin ги отстранил задните врати и го променил одот на кровната линија, која завршува со големо задно ветробранско стакло, со што е добиена поспортска силуета и понизок став. Благодарение на овие неколку визуелни измени рендерираното купе е уште попривлечно од веќе претставените хечбек и седан варијанти.

Сепак, нема информации дали Јапонскиот бренд планира ваков модел, но ние се надеваме дека Mazda ќе го земе во предвид.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.