Утринска Гимнастика: Косилката која оди 209 километри на час! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Косилката која оди 209 километри на час!

Една работа која мораме да ја признаеме за Honda – е дека знаат како да направат нешто што ќе ни го привлече вниманието. Нивната косилка која го носи името Mean Mower е токму тоа!

Во ред, ова не е обична косилка – наместо очекуваниот мотор, таа носи мотор со зафатнина од 1000 кубни сантиметри со потекло од Honda VTR Firestorm, тркала и суспензија од возило за секакви терени, специјално изработена шасија, а корпата за трева се користи како резервоар за гориво. Резултатот од тоа е застрашувачки – косилка за трева која може да оди 209 километри на час, а забрзува до 100 километри на час за нешто малку над 4 секунди!

Сепак, она што ја прави оваа Франкен-косилка уште поимпресивна е фактот дека сеуште може да се користи како косилка за трева, и тоа при брзини до 24 километри на час! Погледнете повеќе од овој интересен проект на фотографиите и видеата подолу – на едно од кои легендарниот Stig од Top Gear пробува да ја вози Honda Mean Mower!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.