Премиера: Новиот Suzuki SX4 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Новиот Suzuki SX4

Suzuki неодамна го претстави новиот SX4 – модел кој би требало дополнително да ја подобри продажбата на Јапонскиот производител.

Иако го задржува своето име, новиот SX4 оди една класа погоре и ќе се натпреварува со други популарни модели, како што е Nissan Qashqai. За да го направи тоа, новиот SX4 ќе треба да понуди повеќе од претходниот модел.

Новините започнуваат со димензиите – новиот SX4 е 160 милиметри подолг од претходникот, а под 10 милиметри поширок и повисок. Покрај зголемениот простор во внатрешноста, зголемен и багажниот простор од 270 на 430 литри! За полесно справување со условите надвор од асфалтот, Suzuki ќе го нуди својот AllGrip систем за погон на сите четири тркала, кој нуди различни режими кои се нарекуваат Auto, Sport, Snow и Lock.

Погонските единици кои ќе се нудат се 1.6 литарски турбодизел кој нуди 120 коњски сили и 320 Nm вртежен момент и 1.6 литарски атмосферски бензинец кој нуди 118 коњски сили и 156 Nm вртежен момент. Дизелот се нуди со 6-степен мануелен менувач и старт стоп систем, благодарение на кој троши само 4.2 литри на 100 изминати километри, додека на бензинецот кој се нуди со 5-степен мануелен менувач или CVT менувач му се потребни 5.4 литри да ја помине истата дистанца.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.