Вака ќе изгледа AMG верзијата на новата S-Class на Mercedes-Benz! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вака ќе изгледа AMG верзијата на новата S-Class на Mercedes-Benz!

Откако Mercedes-Benz пред неколку дена случајно го откри изгледот на новиот S63, сега го потврди преку ново тизер видео.

При крајот на првото видео, кое го објавува почетокот на производството на новата S-класа во Синделфинген фабриката на Mercedes во Германија, покажува работник кој го вози автомобилот од производствената линија. Од она што можеме да го видиме, најсилната S-класа нема да биде упадлива и да ги нагласува своите димензии, туку ќе располага со неколку дискретни визуелни траги за нејзиниот потенцијал.

new-mercedes-s63_02

Исто како и сегашниот модел, таа ќе биде погонувана од 5.5-литарски твин-турбо V8 агрегат, кој најверојатно ќе произведува 536, односно 563 кс опремен со опционалната надградба за перформанси. Што се однесува до пренесувањето на силата врз подлогата, S63 ќе може да се добие со погон на задните тркала или со 4Matic систем за погон на сите четири тркала.

На база на овие видеа се направени и дополнителни два рендери за изгледот на S63 во движење. За подетални информации и фотографии од претстојната најснажна S-класа ќе треба да почекаме официјален извештај од Mercedes-Benz.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.