Skoda тукушто ги дигна покривките од новиот Rapid Spaceback – модел кој треба уште повеќе да ја зголеми популарноста на успешниот Rapid!
„Новиот Rapid Spaceback е значаен момент за Skoda – тоа значи дека влегуваме во конкурентниот сегмент на компактни хечбек модели. Rapid Spaceback е одличен додаток во оваа класа, бидејќи ги носи сите вредности на Skoda – практичните карактеристики и популарната форма. Благодарение на новиот Skoda дизајн, Rapid Spaceback има свеж, динамичен и индивидуален изглед. Тоа е компактен автомобил со спортски дух, просторен и практичен – совршен за млади фамилии.“ – изјави Winfried Vahland, претседателот на Skoda.
Благодарение на дарежливото меѓуоскино растојание од 2602 милиметри, Rapid Spaceback нуди навистина многу простор во внатрешноста – иако Rapid Spaceback е цели 18 сантиметри пократок од седан изведбата, во внатрешнота сеуште има доволно простор за патниците, како и багажен простор со зафатнина од 415 литри, односно 1380 литри со спуштени задни седишта.
Во Rapid Spaceback ќе се нудат четири бензински и два дизел мотори. Веќе добро ги познаваме и едните и другите – и нудат моќност од 75 до 122 коњски сили. Нов во понудата е 1.6 литарскиот TDI со 90 коњски сили кој во GreenLine изведба троши само 3.8 литри на 100 изминати километри, а има емисија од само 99 грама CO2 на изминат километер.
Rapid Spaceback ќе ја има својата официјална премиера на автомобилскиот саем во Франкфурт во Септември. Во меѓувреме, можете да го прочитате нашиот тест на седан верзијата на Skoda Rapid.