BMW Concept Active Tourer Outdoor – BMW за оние кои сакаат велосипеди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW Concept Active Tourer Outdoor – BMW за оние кои сакаат велосипеди!

Ако мислите дека новиот Active Tourer Outdoor концепт е различен од веќе прикажаниот, грешите – единствените разлики се бојата и носачите за велосипеди!

Бојата се вика Gold Race Orange, а интересни се носачите за велосипеди, кои наместо да бидат поставени традиционално, надвор од возилото, тие се поставени во внатрешноста и со тоа ги заштитува од кражба и оштетувања. Кога не се користи, системот исчезнува во страничните структури на автомобилот или во подот, па не одзема од внатрешниот простор.

Концептот е придвижуван од plug-in хибриден погон, кој се состои од 1.5 литарски турбо-бензински мотор кој ги придвижува предните тркала и електромотор. Вкупната моќност е 187 коњски сили – а тоа значи забрзување до 100 километри на час за помалку од 8 секунди и максимална брзина од околу 200 километри на час. Комбинираната потрошувачка изнесува 2.5 литри гориво на 100 изминати километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.