Германец поминал милион километри со Skoda Fabia – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Германец поминал милион километри со Skoda Fabia

Германецот Петер Кирхоф со својата Skoda Fabia 1.9 TDI, произведена 2000-та година, до сега поминал еден милион километри.

Тој ја земал својата Fabia од дилерот на Skoda на 3-ти Јули 2000-та година, а 500,000-тиот километар го забележал во Јули 2007-ма. Според неговите изјави, Кирхоф никогаш немал речиси никакви проблеми на техничките прегледи, најмногу благодарение на редовното одржување. Единствениот проблем го имал на 305,000 километри, кога поради проблеми со електрониката неговата Fabia го оставила на сред пат.

36_1.34

Навистина е интересно како Кирхоф прецизно испланирал да со својата Fabia го направи 999,999-тиот километар точно пред неговата дестинација – музејот на Skoda во Млада Болеслав во Чешка.

Тој ќе продолжи и понатаму да ја вози својата Fabia се додека Skoda не претстави нова трет генерација од овој модел, по што Кирхоф ќе го поклони својот автомобил во музејот на Skoda.

36_3.23



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.