Porsche 911 Carrera Stinger by TopCar – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche 911 Carrera Stinger by TopCar

Руската тјунинг компанија TopCar го претстави својот најнов Stinger третман, наменет за Porsche 911.

Третманот опфаќа нов аеродинамички бодикит, кој содржи карбонска хауба, поагресивни браници, пошироки крила и редизајнирани странични прагови. Во пакетот спаѓаат и карбонски заден спојлер, дифузер и ADV1 фелни во темна металик боја. Екстериерните измени ги заокружува новиот издувен систем со двојни издувни цевки на двете страни од задниот браник.

Ентериерот на Stinger е опремен со син кожен тапацир, плочки со назнака Stinger и детали од карбон на воланот, централната конзола, инструмент таблата и вратите. Целиот пакет чини 14,280 евра, а може да биде наместен на моделите 991 Carrera 4 и Carrera 4S.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.