Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата!
Согласно нивната методологија за пресметка на малопродажните цени, цените на горивата во малопродажба се зголемуваат во просек за 0.06 проценти. Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 поевтинуваат за 0.50 денари и ќе се продаваат по цена од 78.50 односно 80 денари за еден литар гориво. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 0.50 денари и ќе се продава по цена од 67 денари за литар.
Новите цени стапуваат на сила од вечерва на полноќ, и ќе важат следните две седмици.