Возачот на Mercedes, британецот Луис Хамилтон ја освои пол-позцијата за утрешната трка на патеката во Силверстоун. Веднаш до него од првиот ред ќе стартува неговиот тимски колега, Нико Розберг.
Тимот на Mercedes уште еднаш во оваа сезона покажа дека нивните болиди се доминантни на квалификациите. Веднаш зад нив, од вториот ред ќе стартуваат пилотите на Red Bull, бранителот на титулата, Себастијан Фетел и Марк Вебер за кого ова е последна сезона во Formula 1.
Вистниско разочарување за домашните гледачи, беше пласманот на тимот Mclaren, чии возачи не успеаа да се изборат за влез во последната квалификациска сесија. Слаби резултати постигнаа и главните конукрентите на Себастијан Фетел за титулата, финецот Кими Раиконен и возачот на Ferrari, Фернандо Алонсо кои ќе стартуваат од 9-та, односно 10-та позиција.
Првите десет стартни места ги пополнија Даниел Рикиардо од Toro Ross и Роман Грожан од Lotus, како и возачите на Force India, Адријан Сутил и Пол ди Реста, кои ќе стартуваат како 5-ти, односно 7-ми и повеќе не може да се сметаат за изненадување, бидејќи се повеќе зачестија нивните пласмани во топ 10 и на квалификациите и на трките.
Временските услови на квалификациите беа идеални и ни останува да се надеваме дека ќе останат такви и за време на трката, чиј старт е закажан за утре во 14 часот.
Стартен редослед за утрешната трка:
1. L.Hamilton Mercedes 2. N.Rosberg Mercedes 3. S.Vettel RBR-Renault 4. M.Webber RBR-Renault 5. P.Resta Force India 6. D.Ricciardo STR-Ferrari 7. A.Sutil Force India 8. R.Grosjean Lotus 9. K.Räikkönen Lotus 10. F.Alonso Ferrari 11. J.Button McLaren-Mercedes 12. F.Massa Ferrari 13. J.Vergne STR-Ferrari 14. S.Perez McLaren 15. N.Hulkenberg Sauber 16. P.Maldonado Williams 17. V.Bottas Williams 18. E.Gutierrez Sauber 19. C.Pic Caterham 20. J.Bianchi Marussia 21. G.Garde Caterham 22. M.Chilton Marussia
Подготви: Игор Андоноски